Свет
26. September 2017 - 14:02

Евакуиран персоналот од Амбасадата на Шпанија во Москва

Амбасадата на Шпанија во Москва денеска е евакуирана по анонимна телефонска закана за поставена бомба.

Во текот на денот во Москва имаше околу 20 пријави за поставени бомби во разни објекти, но по извршените претреси не е пронајден експлозив.

Во текот на минатата година бројот на "минирани" згради во Русија надмина 1.000, при што се евакуирани околу 400.000 граѓани.