Еурофарм Пелистер го освои Суперкупот
Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23:22 (полувреме 12:12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп.
На дуелот одигран во „Билјанини извори“ битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3:0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ.
За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј од почетокот на сезоната. Во август тие победија на Меѓународниот турнир во Струга.
Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.
Трофејот на победничката екипа го додели Филип Милошевски – генерален секретар на Ракометната федерација на Македонија.
Ново на Сител
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал
-
Маркетите ќе бидат должни цените да ги објавуваат на интернет