ЕУ, НАТО и Меркел го осудија самоубиствениот напад во Газиантеп
Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и изразија сочувство на Турција за жртвите во самоубиствениот напад во Газиантеп.
Во заедничката изјава на Могерини и Хан се посочува дека Брисел и Анкара „водат борба против тероризмот“ и ветија дека ЕУ ќе дејствува заеднички со Турција за зачувување на безбедноста, демократијата и мирот.
Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел го осуди нападот во Турција истакнувајќи дека „повторно невини мажи, жени и деца станаа жртви на злонамерно насилство“.
Таа во телеграмата исратена до турскиот премиер Бинали Јилдирим напиша: „Нашите мисили се со жртвите и нивните семејства... Посакувам брзо заздравување на повредените“.
Во исто време НАТО ги осуди неодамнешните терористички напади во Турција и изрази солидарност со Анкара.
- Одлучно ја осудувам серијата ужасни терористички напади во Турција во последните неколку дена. Изразувам длабоко сочувство до тие што ги загубија своите блиски или се повредени, како и до народот во Турција, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека бомбашот-самоубиец кој го изведе нападот на свадба во градот Газиантеп бил на возраст од 12 до 14 години.
Во нападот загинаа 51 човек, а 69 се повредени, од кои 17 потешко.
Ердоган наведе дека за нападот најверојатно е одговорна Исламска држава.
Се уште никој нема преземено одговорност за синоќешниот напад.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија