ЕУ му честиташе на Вучиќ за изборот за нов претседател на Србија
Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер денеска му го честитаа изборот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ за нов српски претседател уште во првиот круг на изборите.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Туск и Јункер во нивното писмо-честитка до Вучиќ го информираат првиот човек на Српската напредна партија (СНС) дека неговиот избор „ја потврдил силната поддршка што ја ужива меѓу населението на земјата“.
- Ова гласање на доверба покажува дека народот на Србија целосно го поддржува европскиот пат што сте го избрале и што ќе доведе до членство во ЕУ. Ви посакуваме успех во понатамошното чекорење по овој пат, преку промоција на реформите поврзани со тековниот процес на пристапување, а кои ќе донесат подобар живот за сите граѓани. Стабилни и функционални институции, владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни за понатамошни позитивни економски движења. Ние сме убедени дека ќе продолжите да промовирате соработка и помирување во регионот, што е од суштинско значење за стабилноста, мирот и просперитетот. Вашата решеност, исто така, ќе биде клучна за да се продолжи со напредокот во дијалог меѓу Белград и Приштина, кој олеснет од ЕУ, се вели во честитката од челниците на Европската унија до Вучиќ.
На крајот во писмото од европскио двоец до новиот претседател на Србија, тие му ја потврдуваат „целосната поддршка на Европската унија за агендата на европските реформи во Србија“ и дека со нетрпение очекуваат да работат со него во иднина, како српски претседател.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден