ЕУ ќе и конфискува на Русија 300 милијарди евра
Европска комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руски средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија врз Украина.
Блокиравме 300 милијарди евра, резерви на руската Централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат. Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната.
Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоa. Заедно можеме да најдеме правни начини тоа да го оствариме, наведе Лајен.
Таа додаде дека ЕУ предлага да се формира специјален суд, со поддршка на Обединетите нации, кој ќе ги истражува руските злосторства во Украина.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел