ЕУ бара дозвола од ОН за употреба на сила против трговците со имигранти
Европските земји настојуваат да издејствуваат резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации, со која би им се дозволила употреба на воена сила за да ги пресретнат бродовите со кои се шверцуваат луѓе во меѓународните води на Медитеранот, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на дипломатски извори.
За нацрт-резолуцијата, која следните денови ќе биде пуштена во оптек меѓу членките на СБ, се преговара додека Европа се обидува да се соочи со бранот бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, нагласува весникот, прецизирајќи дека со резолуцијата би се одобрила воена акција на поморскиот пат од брегот на Либија кон Италија.
Според анонимен дипломат од СБ, резолуцијата би им овозможила на бродовите да бидат запленети, а луѓето на нив да бидат одведени во Италија, каде властите ќе утврдат кому вистински му треба азил, односно кој меѓу нив е воен бегалец.
Осомничените трговци со луѓе би биле кривично гонети во Италија, вели истиот дипломат.
Овој предлог, оценува весникот, претставува значително отстапување од првобитниот план на европските лидери, кој подразбираше благослов на СБ за спроведување воени операции долж либискиот брег, на копно и на море, со цел да се фатат трговците со луѓе.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски