ЕСМ ќе аплицира на повикот за избор на нов снабдувач со топлинска енергија во Град Скопје, најави Битиќи
По одземањето на лиценците на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Град Скопје има рок од 90 дена да се објави јавен повик за избор на нов снабдувач, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Денеска на Влада е информацијата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и Министерството за економија во однос на постапката и задолжувањето за да се објави повикот кој ќе биде отворен со можност да се пријават сите економски оператори. Имаме намера на повикот да аплицира и ЕСМ и се надевам дека наскоро ќе биде извршен и изборот, рече Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Дотогаш, како што рече, според Законот за енергетика, БЕГ, без разлика што им е одземена лиценцата, ќе треба да ја извршува дејноста до изборот на нов оператор.
Битиќи најави дека ќе се направи се што е во доменот на возможно за да се подготвиме за што полесно да ја пребродиме зимата.
– Наскоро ќе излеземе со тоа што е навистина возможно. Уште пред два месеци повикав на одредени мерки за штедење, а сега тоа го прават сите западни земји. Таму тоа не е смешно за разлика од нашето општество. Ќе ги преземеме сите мерки и ќе повикаме на разумност на сите чинители затоа што во воена и енергетска криза однесувањето на сите е битно за да може да ја пребродиме што полесно, порача Битиќи.
Со фактот што имаме дефинирана цена и производство на електричната енергија до крај на годината, потенцира вицепремиерот, ние веќе сме осигурале еден сегмент на општеството, а тоа се сите кои се на регулираниот пазар на електрична енергија.
– Другите мерки можат да бидат на нивно на апел за општеството, а и јавните институции ќе добијат насоки како треба да се поставуваат. На некои од министерствата со законските измени им се дозволува да инвестираат во обновливи извори на енергија со што ќе се намали нивната потреба од електрична енергија, појасни Битиќи.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица