Ердоган: Турција е подготвена да биде посредник и гарант во решавањето на кризата во Газа
Турција е подготвена да дејствува како посредник и гарант во решавањето на конфликтот во Појасот Газа, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Светскиот владин самит во Дубаи, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
„Израел, ако навистина сака да постигне траен мир, мора да се откаже од својата експанзионистичка политика.
Секој чекор кон решение на палестинскиот проблем преземен без создавање палестинска држава ќе биде грешен“, рече Ердоган, додавајќи дека патот кон мирот и спокојството во регионот е преку формирање на независна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим.
„Подготвени сме да ги преземеме нашите одговорности, вклучително и како гарант и посредник во овој процес. Никогаш нема да ги напуштиме нашите палестински браќа и сестри“, посочи Ердоган.
Турција досега испрати 34 тони хуманитарна помош за жителите на Газа и продолжува да обезбедува помош за енклавата, додаде Ердоган, цитиран од државната ТВ ТРТ-Хабер.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок