-->
-->
Ердоган: Ќе поднесам оставка ако опозицијата докаже дека имам сметки во странство
-->
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку опозициската Народно републиканска партија успее да докаже дека тој има сметки во странство, јави турската државна телевизија ТРТ.
- Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција, изјави Ердоган.
Лидерот на опозициската партија Кемал Калачдароглу пред парламентарната група на неговата партија на 21 ноември изјави дека членови на семејството Ердоган „имаат милиони долари во компанија со седиште во даночните раеви во странство“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг