Ердоган ги обвини приврзаниците на Ѓулен за поврзаност со ПКК
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги обвини поддржувачите на исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен дека се вмешани во денешните три бомбашки напади во југоисточна Турција, за кои властите ја обвинија забранетата Курдската работничка партија (ПКК).
Во последните 24 часа се случија три напади врз полициски и воени сили во Турција, при што загинаа најмалку 12 луѓе, а 226 се ранети.
Ердоган, во говор што директно го пренесуваше државната телевизија ТРТ, истакна дека на Турција и се закануваат различни терористички организации со заеднички напади.
Тој посочи дека приврзаниците на Ѓулен се соучесници во нападите на курдските екстремисти во последните 24 часа.
Ѓулен, кој живее во САД ги негира обвинувањата на официјална Анкара.
Западни медиуми наведуваат дека Ѓулен има малку заедничко со левичарската секуларна ПКК, која се залага за автономија на Курдите во југоисточна Турција.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина