Кошарка
15. August 2016 - 19:35

ЕП - Б дивизија (У-16): Совладана и Република Ирска

Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија ја оствари втората победа во групата Б на Европското првенство – Б дивизија што се игра во Софија. Македонија попладнево ја совлада Република Ирска со 71:59. По четвртини: 26:19, 17:11, 18:7 и 10:22.
Македонските кадети во првите три четвртини создадоа убедлива предност од 61:37 и потоа на противникот му дозволија да ја добие последната четвртина и да го ублажи поразот. Андреј Јордановски со 19 поени беше најефикасен во нашиот состав.
Утре во рамките на последното коло од групата Македонија ќе игра против Англија.
Во групата Б денеска Израел ја победи Унгарија со 62:54, а вечерва играат Англија и Шкотска. На табелата прв е Израел со скор 4-0 (победи-порази), Унгарија и Македонија имаат 2-2, Англија 1-2, Република Ирска 1-3 и Шкотска 0-3.