Емануел Макрон официјално прогласен за претседател на Франција
Уставниот совет на Франција официјално го прогласи изборот на Емануел Maкронкако претседател на Република Франција, со 66,10 проценти од гласовите наспроти 33,9 отсто за неговата противничка Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори, јави дописникот на МИА од Париз.
По официјалното прогласување францускиот премиер Бернар Казнев поднесе оставка од функцијата како и оставка на Владата.
- Maкрон (39) станува осмиот претседател на Петтата Република. Тој доби 20.743.128 гласови во вториот круг, наспроти 10.638.475 гласови за кандидатката на Националниот фронт, изјави претседателот на Уставниот совет, Лоран Фабиус.
Апстиненцијата на седми мај изнесуваше 25,44 проценти, повеќе од три отсто во споредба со првиот круг (22,23, на 23 април.
- Господинот Емануел Maкрон доби апсолутно мнозинство на гласови и Уставниот совет го прогласува за претседател, истакна Фабиус.
Тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на мандатот на Франсоа Оланд, што ќе се случи најдоцна до недела 14. мај на полноќ.
Резултатите објавени од отрана на Уставниот совет се непроменети во однос на доставените резултати објавени во понеделникот од страна на Министерството за внатрешни работи.
Од вкупно 47.568.693 регистрирани гласачи, бројот на гласачите изнесуваше 35.467.327. Бројот на празни ливчиња е 3.021.499, важечките гласови од 31.381.603, според бројките на одборот.
Во првиот круг на 23 април, Емануел Mакрон, освои 24.01 отсто од гласовите, Ле Пен 21.30 отсто.
- За вториот круг, Уставниот совет поништи 16 467 гласови „поради нерегуларности во 38 гласачки места“ од вкупно 69 242 избирачки места или 0,05 отсто од вкупниот број гласови. Според ова општо кажано, беа почитувани правилата на изборниот процес, истакна Фабиус, рече тој.
Фабиус зборуваше во присуство на другите осум членови на Уставниот совет. Прогласувањето на изборите и официјалните резултати ќе бидат објавени в четврток 11 мај во Службен весник на Франција.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра