Експресниот пат Страцин-Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, најави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) - Крива Паланка, а во втората половина на месецов и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, како и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце.
Во неговите очекувања на економски план рече дека почнатите инфраструктурни проекти во 2025 ќе бидат со засилена динамика или завршени и дека во меѓувреме ќе се развиваат нови проекти.
Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид да биде пуштена и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи. На крајот на 2026 година се очекува да се пушти целата автопатска делница.
Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.
- Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола, очекувам да почне Тетово-Гостивар и Требениште - ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.
Тој истакна дека очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над миијарда евра.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање