Експлозија во центарот на Атина, еден повреден | ВИДЕО
Едно лице е повредено и со изгореници пренесено во болница по силната експлозија што утрово се случи во зграда во центарот на Атина, а според првичните неофицијални информации можно е причината да е истекување на природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, експлозијата била многу силна, што се слушнала во радиус од неколку километри, а со оглед на тоа дека денеска е неработен ден во Атина, за среќа во околината немало возила или пешаци.
Повредениот маж, кој веројатно живеел во зградата во која се случи експлозијата, со сериозни изгореници бил пренесен во болница.
За гаснење на пожарот предизвикан од експлозијата интервенирале 18 пожарникари со шест возила.
Засега не постојат официјални информации за причините, но неофицијално, сценариото што се разгледува е дека истекување на природен гас ја предизвикало експлозијата.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори 2024
-
Пендаровски и Силјановска секојдневно на терен
-
Судски совет не ги утврди листите за избор на двајца нови членови на советот
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот