Експерт за човекови права на ОН: Русија е одговорна за смртта на Навални
Експертот на ОН за човекови права за Русија во понеделникот рече дека Москва е одговорна за смртта на Алексеј Навални затоа што тој бил или убиен во затвор или умрел во услови на притвор што претставувале тортура.
„Значи, руската влада е одговорна, на еден или на друг начин, за неговата смрт“, изјави Маријана Кацарова за Ројтерс на маргините на настанот на Обединетите нации во Женева за руските политички затвореници.
Шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин претходно изјави дека Навални, кој почина на 16 февруари во арктичката колонија, починал од природна смрт.
Кацарова, исто така, предупреди дека другите затвореници во Русија би можеле да ја доживеат истата судбина како Навални, велејќи дека е „многу загрижена“ за опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза, меѓу другите.
„Од смртта на Алексеј Навални, не поминува ден без да се прашувам кој е следниот Навални?“, рече таа.
„И ќе има следниот Навални, сигурно, со вакво ниво на репресија“.
Кремљ ги претстави Навални и неговите поддржувачи како прекршители на законите и алатки на Западот, кои работат на дестабилизација на Русија.
Тој ги отфрли обвинувањата на неговата сопруга Јулија Навална дека претседателот Владимир Путин наредил да го убијат.
Навални минатата недела рече дека обемот на јавна поддршка за Навални од неговата смрт е доказ дека неговиот отпор е жив и повика на масовен протест против Путин на денот на изборите на 17 март.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“