Екплозија во Лондон, има ранети
Најмалку пет лица се повредени во силна експлозија во станбена зграда во источен Лондон, информира „Дејли мејл”.
Околу 70 пожарникари се борат да се справат со огнот, кој што зафатил неколку стамбени објекти. Пожарот започнал по експлозија која што се случила на приземјето од стамбена зграда со три ката.
Причината за експлозијата засега останува непозната, а според полициски извори повредени се најмалку пет жители. Четири биле веднаш превезни во болница, а едно лице само се јавило во Брзата помош со повреди.
Од полицијата апелираат возачите да го избегнуваат овој регион бидејќи затворени се патишатата, а од противпожарникарните служби најавуваат дека прават се што е во нивна моќ за гаснење на пожарот и спасување на жителите на зградите во близина.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот