ЕК побара враќање на двојната контрола на косовско-албанската граница
Косово и Албанија за неколку недели ќе ги вратат двојните контроли на граничните премини.
- Ова е експлицитно барање до Приштина и Тирана. За враќање во пракса на двојната контрола остануваат уште неколку владини процедури со кои се отвора патот за зголемена полициска контрола, изјави косовскиот министер за евроинтерации Беким Чолаку.
Во излагањето пред парламентарната комисија за евоинтеграции, министерот Чолаку објасни дека Европската комисија побарала враќање на двојната контрола, со цел спречување на меѓуграничниот криминал, но и дека тоа се поврзува и со визната либерализција.
Двојната контрола на граничните премини меѓу двете земји беше укината во јули 2011 година, врз основа на билатералниот договор „едно запирање, една контрола“, кога по поставувањето на системот TIMS, почна процедурата за заедничка контрола на премините Морина-Врмица, Ќаф-Пруш и Ќаф-Морина.
Заедничката контрола влијаше на намалувањето на долгите колони возила на премините, особено за време на летниот период.
Ново на Сител
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот
-
Нова вакцина за ХИВ
-
ЦУК: Во последното деноноќие 2 271 повик на 112 и два пожара на отворено
-
Во текот на викендот се подигнати 65 кубни метри одложен отпад
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов