Ракомет
30. јуни 2017 - 22:45

ЕХФ ЛШ: Металург дел од групата Д

Покрај групите А и Б, кои беа извлечени во Љубљана беа одредени и составот на другите две групи, кои по квалитетот се послаби од оние од А и Б групите, но имаат можност да се борат за шампионската титула.

Македонскиот вицепрвак Металург е дел од Д групата заедно со екипите на: Мотор, Монпеље, Бешикташ, Чеховски Медведи и победникот на квалификациите.
Во Ц групата ќе играат: Адемар, Скјерн, Горење, Кадетен Шафхаузен, Динамо Букурешт и Елверум.