Еден од најискусните дипломати од МНР ќе биде амбасадор во Софија, информира Османи
За амбасадор во Софија ќе биде испратен еден од најискусните дипломати во Министерството за надворешни работи. Владата го прифати предлогот на МНР за амбасадор во Бугарија и го однесе на претседателот на државата, информира денеска по брифингот за новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.
– Амбасадор во Софија ќе биде еден од најискусните дипломати во МНР и намерно така е одлучено искусен дипломат да се испрати во Софија во услови кога сакаме да ја вратиме довербата и да ги надминеме разликите. Меѓутоа, не можам да коментирам за името додека не се добие агреман, меѓутоа барањето за агреман што значи и одобрување од страна на претседателот е добиено и веќе е пратено во бугарското МНР, наведе Османи.
Дел од македонските медиуми во почетокот на неделава го споменаа името на Агнеса Руси за амбасадор во Софија, која е дипломатка од кариера а во моментов е шефица на македонската мисија при ЕУ во Брисел од 2018 година.
Северна Македонија е без амбасадор во соседна Бугарија од април 2020 година, додека вршител на должноста амбасадор ја извршуваше Владимир Крстевски.
Ново на Сител
-
Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом
-
СПМ: Шефовите на источниот и јужниот сосед на Македонија настапуваат оркестрирано со империјални барања против интересите на македонскиот народ
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс