Египетското воено воздухопловство нападна терористички кампови
Авиони на египетското Воено воздухопловство денеска изведоа шест напади на кампови во близина на Дерна, во Либија, каде се верува дека биле обучувани екстремистите одговорни за нападот на христијани во Египет, соопштија египетски воени извори, пренесува Танјуг.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, во телевизиско обраќање, посочи дека наредил напади против терористичките кампови, дополнувајќи дека државите кои поддржуваат тероризам ќе бидат казнети.
Најмалку 28 лица загинаа, а над 20 беа ранети вчера, јужно од египетскиот главен град Каиро, при вооружен напад врз автобус кој превезувал христијански коптски верници. Нападот го извршила група вооружени лица, кои на местото на инцидентот дошле со три теренски возила.
Очевидци тврдат дека нападот го извршиле меѓу осум и десет лица, кои потоа се упатиле во непознат правец.
Веднаш по нападот, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси свика вонредно заседание на египетскиот Совет за национална безбедност.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, но во минатото слични напади изведуваа припадници на групата Исламска држава.
Нападот веднаш го осуди и САД.
- Треба да се стави крај на убиствата на христијани на Блискиот Исток, изјави претседателот на САД Доналд Трамп.
- Терористите водат војна против цивилизацијата и е долг на сите кои го ценат човечкиот живот, да се соочат против ова зло и да го поразиме, рече Трамп, преку соопштението од Белата куќа.
Според него, Америка „јасно им посочува на пријателите, сојузници и партнери дека непроценливите историски христијански заедници на Блискиот Исток треба да бидат чувани и заштитени. Пролевање на крвта на христијаните треба да прекине и сите кои им помагаат на нивните убијци, треба да бидат казнети. Тоа безмилосно колење на христијани во Египет ги повредува нашите срца и вселува тага во нашите души, рече претседателот на САД.
Според него, сепак тоа ќе ја зајакне решеноста на земјата да се справи со терористичките организации и да ја разобличи нивната „порочна, извртена и жестока идеологија".
Во последно време зачестија нападите врз припадниците на христијанското малцинство во Египет. При двоен самоубиствен напад врз група Копти во април и при напад врз коптска црква во Каиро лани во декември, загинаа вкупно 75 лица, а десетици други беа ранети.
Ново на Сител
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените
-
МОН го стокми новиот предлог-закон за учебници во основно и средно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Први пратенички прашања на новиот парламентарен состав
-
Собранието е подготвено за уставни измени, но нема да го почне процесот без политички договор
-
МВР поднесе кривична пријава за екс министерката Бисера Костадиновска Стојчевска
-
Подготвен нов закон - издавачките куќи ќе бидат одговорни за печатење и достава на учебници