Една година откако Приштина воведе такси за српските стоки
Денеска се навршува една година откако во сила стапија таксите на Приштина за српските стоки, прво во износ од 10 отсто, а по 12 дена и цели 100 проценти.
Мерката нанесе голема економска штета на двете страни од границата, но уште повеќе политичка, со оглед на тоа што го блокира дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Приштина се одлучи на овој чекор откако и беше одбиено членството во Интерпол, на заседание на Генералното собрание на оваа меѓународна полициска организација во Дубаи, пренесува Танјуг.
Иако економските ефекти се значителни, од почетокот беше јасно дека не се работи за економска, туку за пар екселанс политичка мерка, коментира „Политика“.
Идејата беше Србија да се примора да ја запре „кампањата” на Белград за повлекување на признавањето на косовската независност, и во текот на ова година таквата дипломатска активност на Србија даде резултат во вод на 15 земји кои го повлекоа признавањето на Косово, пишува весникот.
Таксите, меѓутоа, го блокираа дијалогот, но Приштина остана упорна, иако Брисел и Вашингтон, а потоа и речиси целата меѓународна заедница, бараа нивно укинување, очекувајќи, во исто време и Белград да ги запре напорите за повлекување на признавањето, потсетува „Политика“.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри