Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори
– Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години.
Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија.
Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.
Изборите се прв тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година, непридржувајќи се кон мерките за одржување физичка дистанца, воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.
– Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците, изјави Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот Стратклајд.
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница