Џихадист уапсен во Трција по трансплатација на коса
Турската полиција уапсила француски државјанин за кој има сомнение дека се бори за Исламската држава, откако во една клиника направил трансплатација на коса, објавија денеска локалните медиуми.
Приведениот Махдибенд Саид бил под надзор на турските власти откако влегол во земјата од Сирија, каде што учестувал во планирањето на терористички напад во Турција.
Саид е уапсен вчера, откако локалните разузнавачки служби во градот Измир го прателе до клиниката каде направил трансплатација на коса.
Францизинот по апсењето дал изјава на полицијата дека планирал да направи уште еден козметички третман како би изгледал подобро.
Турските безбедносни сили поставија строги мерки против џихадистите откако во двојниот напад на бомбаши-самоубијци на 10 октомври во Анкара погинаа 102 лица, кој се препишува на милитантите на Исламската држава.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина