Џерлек: Наводите за масовно вакцинирање на Македонците во Србија се дезинформации
Државниот секретар во српското Министерство за здравство, Мирсад Џерлек, изјавил дека наводите за масовно вакцинирање на луѓе од Македонија во Србија се дезинформации, пренесува „Tanjug”.
Тој истакнал дека за вакцинација преку порталот „еУправа“ може да се пријават странци кои имаат престојувалиште во Србија или коишто се во постапка за добивање престојувалиште.
– Мора сите да се придржуваат до приоритетите. Нема да се откажеме од оперативниот план. Здравјето и животите на нашите граѓани се на прво место – рекол Џерлек.
Запрашан дали странци доаѓаат во Србија и дали плаќаат за вакцинација, тој рекол дека тоа се дезинформации и дека станува збор за луѓе кои имаат двојно државјанство.
– Луѓето од ИТ секторот на Владата на Србија, кои ја водат еУправата, водат строга сметка за тоа. Приказната за масовно доаѓање на луѓе од Македонија кои се вакцинираат се дезинформации. Постојат луѓе кои имаат двојно државјанство, и си го користат тоа право. Постојат некои случаи, но тоа е занемарливо. Да се зборува за масовно вакцинирање на луѓе е дегутантно – навел Џерлек.
Тој потоа додал дека ја поддржува изјавата на претседателот Александар Вучиќ дека доколку има можност, треба да им се помогне на соседите.
Ново на Сител
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
„Македонија во чест на Свети Кирил“ - Претседателката се сретна со Папата
-
Македонците се условени да прифатат диктат откажувајќи се од самите себе, вели историчарот Панов
-
Преговорите за Влада во напредна фаза се уште нема конечен договор за Министерствата
-
Македонија во фокусот на грчката јавност
-
Продолжува хаосот на хирургија - 6ти ден не работат операционите сали