Македонија
22. February 2023 - 12:13

Џафери: И моето дете има право да биде примено на работа

Собранискиот спикер, Талат Џафери по средбата со новинарите ги прокоментира реакациите во јавноста откако неговиот син го положи завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители и наскоро може да стане обвинител.

„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата секогаш поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но како и сите други и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави Џафери.