Џафари: Во Женева не сакаме да разговараме за судбината на Асад
Шефот на делегацијата на сириската Влада на преговорите во Женева, Башар Џафари изутринава изјави дека во тој процес, кој се одвиба со посредништво на Обединетите нации, не може да се дискутира за судбината на претседателот Башар ал Асад .
Тој додаде дека целта кон која тежнее Дамаск во Женева е да се договори проширена влада, под претседателство на Асад, која ќе продолжи да ги води актуелните институции во земјата.
- Ние имаме само еден мандат да дојдеме до проширена национална влада, тоа е наш мандат, тоа е целта кон која тежнееме во мировните преговори во Женева, изјави тој.
Високиот преговарачки комитет на сириската опозиција вчера соопшти дека „ќе го одложи“ своето учество на преговорите во Женева, поради влошувањето на условите на теренот, но дека преговорите нема да бидат запрени или завршени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“
-
ЕУ перспектива?