Дводневна средба на министрите за одбрана во НАТО
Министрите за одбрана на државите од НАТО ќе разгледаат денеска и утре планови за засилување на военото присуство на Алијансата во Источна Европа.
За време на средбата ќе се дискутира и за засилување на моќта на НАТО во Медитеранот, зголемување на расходите за одбрана, кибер-заштита и одговор на хибридни закани. Ќе се одржи и нова седница на комисијата Грузија-НАТО.
Европската комисија изрази вчера поддршка за идејата на НАТО да се вклучи во пограничното обезбедување на Егејското Море.
Комисијата очекува дека со тоа ќе се придонесе за спасување на што е можно повеќе човечки животи.
- ЕК ги следи изјавите околу заложбите на НАТО во врска со прашањето за миграцијата во Егејското Море, изјави на прес-конференција портпаролот на Комисијата, Маргаритис Скинас.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце