-->
-->
Двегодишно девојче се бори за живот, повредено во сообраќајна несреќа во тетовско
-->
Двегодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди, а уште две возрасни лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа вчера, околу 15 часот, на локалниот пат Фалише-Стримница, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во сообраќајката учествувале две патнички возила „Киа Пиканто“ со тетовски регистарски таблички управувана од А.А. (33) од Стримница и „Голф“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.К. (19).
Двегодишното девојче кое било сопатник во „Киата“ било потешко повредено и по укажаната помош задржано е на лекување во тетовската клиничка болница заедно со А.А. која имала полесни телесни повреди додека по укажаната лекарска помош А.К. бил пуштен на домашно лекување.
По овластување на јавен обвинител увид на местото од несреќата извршила екипа на СВР Тетово и се работи на откривање на причините за сообраќајката додека материјалната штета се проценува на околу 50 илјади денари, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра