Македонија
12. March 2025 - 12:45

Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Физички напад и закана од сопрузите, пријавиле две сопруги во полицијата во Кавадарци и во Неготино, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

-Вчера во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.П.(37) од Росоман, постапувајќи по пријава од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом во Кавадарци физички ја нападнал. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека синоќа во 18.00 часот во Полициската станица Неготино, 34-годишна неготинчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Б.Д., со кој не живеела зедно, ѝ се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.