Македонија
4. јуни 2024 - 11:58

Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Н.С.(19) од Република Србија пријавил дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје бил каснат од куче скитник соопшти МВР.

Нешто подоцна, истиот ден во 20.10 часот во Полициската станица Центар, К.П.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во Градскиот парк во Скопје била касната од куче скитник, додаваат од МВР.