Две деца убиени при судири во југоисточна Турција
Две деца загинаа при судири меѓу припадници на турските безбедносни сили и припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) во градот Џизре во југоисточниот дел на Турција.
Како што јави електронското издание на турскиот весник на англиски јазик „Тудејс Заман“, двете деца, братучеди на возраст од 11 и 12 години, биле убиени пред нивниот дом.
Во градот Џизре, кој се наоѓа во округот Шарнак, повеќе од еден месец во сила е полицикси час, но и покрај тоа во него многу често доаѓа до судири меѓу безбедносните сили и курдските борци.
Конфликот меѓу Анкара и курдските сепаратисти беше вознобновен лани во јули, откако ПКК прогласи прекин на примирјето, кое траеше речиси два и пол години, како последица на турските воздушни напади врз нејзини позиции во северен Ирак.
Ново на Сител
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?