Два вида ретки Амур леопарди родени во Англија
Два ретки видови Амур леопарди родени се во зоолошката градина Твикрос во Велика Британија.
Оваа зоолошка градина објави на својата веб страница фотографии од две младенчиња кои се уште не се именувани, а на посетителите им се овозможува да ги видат по пат на камера која ја снима внатрешноста на живеалиштето и ги прикажува на голем екран кој се наоѓа на предниот дел на кафезот.
Се верува дека овој загрозен вид на леопарди е на работ на истребување, затоа што, како што се наведува, во дивината живеат близу 70, додека во зоолошките градини во целиот свет има околу 200.
Овие младенчиња се втора двојка која ги родила мама Кристен, додека првата двојка младенчиња, по име Арина и Алексеј, се родени во 2014 година.
Сепак, се верува дека овој редок вид леопарди ќе преживеат.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“