-->
-->
Два нови светски рекорди во Валенсија
-->
Џошуа Чептегеи од Уганда и Летесенбет Гидеј од Етиопија поставија нови светски рекорди во своите дисциплини на митингот во Валенсија.
Чептегеи постави светски рекорд на 10.000 метри. Новото најдобро време изнесува 26:11.02 минути. Атлетичарот од Уганда за повеќе од шест секунди го подобри претходниот рекорд на Кенениса Бекеле од 2005 година.
Пред два месеца Чептегеи му го „одзеде“ на Бекеле и светскиот рекорд на 5.000 метри.
Лудата ноќ во Валенсија ја надополни 22-годишната Гидеј, која го урна светскиот рекорд на 5.000 метри.
Таа постави време 14:06.62 минути. Новиот светски рекорд е за повеќе од четири секунди подобар од стариот, која го постави во 2008 година во Осло нејзината сонародничка Тирунеш Дибаба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце