Свет
23. December 2016 - 18:13

Два нови налози за апсење на лица вмешани во ланските напади во Париз

Француските судски органи вклучени во истрагата околу терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година, издадоа налози за апсење на Осама Карјем, кој е во затвор во Белгија, и за уште едно лице кое се наоѓа во бегство, објави парискиот весник „Фигаро“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, со овие два налози, за овие најкрвави напади во историјата на Франција, досега се обвинети вкупно дванаесет лица. Во нападите загинаа 130 лица, а при нивното изведување или во деновите кои следеа беа убиени девет џихадисти.

Осама Крајем (28) е роден во Шведска од родители сириски бегалци и бил врската меѓу групите што ги извршија нападиѕе во Париз и во Брисел. Тој е уапсен на 8 април во Брисел, на истиот ден како и Мохамед Абрини, исто така, обвинет од белгиските и француските студски органи. Се верува дека Крајем ги купил кесите кои беа користени за нападите во аеродромот и метрото во белгискиот главен град. Тој бил снимен со видео надзор во друштво со терорститот-самоубиец на бриселската станица Малбек, Калид Ел Бакруи, неколку минути пред нападот.

Во потерницата на француските власти, исто така, се потсетува дека ДНК на Крајем е пронајдена на неколку места каде се криеле членовите на терорстичката група од Париз. Вклучувајќи го и местото на кое се криеше Салах Абдеслам се до неговото апсење на 18 март.

Другата потерница е за лице, чиј идентитет останува нејасен. Тој е забележан лани при напливот на бегалци под името Ахмад Алкхад на островот Лерос во Грција, кога таму приситгнува и Крајем. Истрагата открила дека двајцата, кои имале лажни сириски пасоши, биле прифатени во германскиот грда Улм со помош на Абдеслам.

Во налогот се истакнува дека ДНК на Ахмед Алкхалд била пронајдена на експлозивниот елек активиран од Брахим Абдеслам во Париз и на појасот оставен од Салах Абдеслам.