Два американски бомбардери го надлетаа Корејскиот Полуостров
Два американски авиони-бомбардери од типот Б-1Б рано изутринава го надлетаа Корејскиот Поулостров, како одговор на последниот севернокорејски ракетен тест, извршен во петокот, соопшти Военото воздухопловство на САД.
Во соопштението се посочува дека летот на стратешките бомбардери претставува „директен одговор“ на последниот ракетен тест на Северна Кореја и на лансирањето на ракетата „Хвасонг-14“ на почетокот на месецов.
- Северна Кореја останува најголема закана за регионалната стабилност. Ако не предизвикуваат, ни сме подготвени да одговориме со брза, убиствена и огромна сила, изјави командантот на пацифичките сили на американското Воено взодухопловство, генерал Теренс О’Шонеси.
Северна Кореја во петокот лансираше интерконтинентална балистичка ракета со среден дострел. На лансирањето присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој изјави дека тоа претставува предупредување до САД дека нема да бидат безбедни доколкку се обидат да ја нападнат Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето