Дуке Бојаџиев ќе настапи пред децата во Детска клиника во Скопје
Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев, утре ќе свири за дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје.
Тој вели дека огромно задоволство му претставува тоа што ќе биде гостин на Детската клиника и очекува многу забава и насмевки на лицата на дечињата.
- Идејата за овој мој ангажман се роди при средбата со претседателското семејство, ова лето во Охрид. Со претседателот Иванов и неговата сопруга Маја разговаравме за моите ангажмани, за музиката, за децата, за музико-терапијата итн. Тогаш дојде идејата и предлогот. Зошто не би одржал мини-концерт за дечињата што се хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. Веднаш, стапивме во контакт со директорката на Детската клиника, д-р Аспазија Софијанова и со помош на Кабинетот на претседателот ги договоривме деталите, за што сум многу благодарен, вели Дуке Бојаџиев.
Како што додава музикотерапијата е составен дел на речиси сите врвни медицински установи во светот. Според него таа има се поголема примена во модерната пракса во конвенционалната медицина, а резултатите на светските истражувања покажуваат многу позитивни промени кај пациентите.
Тој вели дека како и за секој настап се подготвува професионално и посветено.
Утре, пред дечињата згрижени во Детската клиника во Скопје, Дуке Бојаџиев ќе настапи заедно со Тања Царовска - вокал и Владимир Крстев - виолина, состав со кој настапуваше годинава во Рим, во рамки на одбележувањето на Свети Кирил, а кои беа дел од неговиот тим на концертите одржани летово.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки