ДУИ со ветување за изградба на автопатот Скопје - Блаце
Кандидатите за пратеници на Демократската унија за интеграција, носителот на листата во Изборната единици 1 Артан Груби и носителот на листата во Изборната единица 2 Ејуп Алими, денеска најавија изградба на автопатот Скопје - Блаце, како еден од најбитните проекти на ДУИ, кој се надоврзува на ветувањата,односно, економската рамноправност и инфраструктурното поврзување на териториите населени во поголемиот дел со Албанци.
Груби рече дека политиките на лидерот на ДУИ, Али Ахмети се во насока на обединување на Албанците и рушењето на границите и колку што е можно поголемо приближување на Скопје со Тирана и Приштина.
- Како што ги срушивме границите со Косово и Албанија - укинувајќи ја употребата на патните исправи и овозможувајќи поминување на границите само со лична карта, денеска го промовираме проектот на приклучување на автопатот Скопје - Блаце - Приштина и негово поврзување со Патот на нацијата, изјави Груби.
Носителот на листата во Изборната единица број 2, Ејуп Алими изјави дека реализацијата на овој проект е од посебно значење за Албанците внатре и надвор од границите на Македонија.
- Автопатот Скопје - Блаце има посебно значење за создавање на економската рамноправност, и за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и соседните земји. Идниот мандат ќе биде мандат на инвестициите во инфраструктурата и ќе може да се нарече и инвестирање за економскиот напредок на Албанците, изјави Алими.
Заменик министерот за транспорт и врски, Фатон Положани, информираше за техничките прашања на автопатот Скопје - Блаце, кој почнува од клучката Стенковец до границата со Република Косово и опфаќа 12,5 километри современ автопат.
Трасата на автопатот ќе поминува по четири тунели со должина од 842 метри, девет надвозници и две подвозници. Вкупниот износ на инвестицијата е 100 милиони евра.
Ново на Сител
-
Иницијативата „Кој е следен“ бара реформи во правосудството
-
Тема на денот со Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи
-
Фатени 188,6 килограми марихуана на ,,Богородица"- Требала да заврши во Турција
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести