Македонија
8. September 2021 - 15:15

ДУИ им честита на граѓаните: Еднаквоста е темелот на независноста

По повод 8 Септември - 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија, Демократската Унија за Интеграција им честита на сите граѓани на нашата земја и смета дека еднаквоста и меѓусебното почитување се темел на заедничкиот пат кон нови предизвици и успеси како што е полноправното членство на земјата во Европската унија.

Демократската Унија за Интеграција смета дека земјата се соочи со многу предизвици во овие три децении, но постигна историски успеси и излезе посилна од секое соочување. 

Демократската Унија за Интеграција, исто така, високо го цени пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската унија, како и земјите-членки, повторувајќи дека успесите на нашата земја се заеднички со евро-американската заедница.