Дуда: Треба да биде изработен нов полски устав
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави во Парламентот дека треба да биде изработен нов Устав на Полска и да биде ставен на изјаснување на референдум.
- Време е за политички систем што одговара на денешните предизвици, нагласи Дуда.
Во мај, полскиот претседател наведе дека сака да организира референдум за новиот устав во 2018 година, но не посочи какви измени сака да направи во основниот закон на Полска.
Претходно годинава, лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински го критикуваше сегашниот Устав на Полска, наведувајќе дека не е променет од „падот на комунизмот“ во 1989 година.
Полската Влада беше критикувана од страна на опозицијата, локалните невладини организации и Европската унија дека се обидува да спроведе контроверзни закони за реформи во судството.
Ново на Сител
-
Деспотовски си поднесе оставка
-
Учебници за 7 одделение се уште нема – ќе се учи од старите
-
Забрана за градба во центарот на Охрид
-
Преглед на вести од светот
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“