Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе ја посети Полска и потврди дека планира да го зголеми присуството на американската војска во земјата, соопшти синоќа полскиот претседател Анджеј Дуда по средбата со американскиот лидер.
Тој синоќа се сретна со американскиот претседател на маргините на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (ЦПАЦ) која се одржа во Националниот конгресен центар Гејлорд во близина на Вашингтон.
Дуда на новинарите по средбата им изјавил дека го поканил Трамп во Полска. – Тој рече дека ќе ја посети Полска.
Техничко прашање е да се утврди во кој момент, дали тоа ќе биде посета што ќе биде поврзана со Самитот на иницијативата „Ттри мориња“ или посета што ќе биде поврзана со претстојниот Самит на НАТО во Хаг, рече Дуда.
Белата куќа претходно соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се сретнал со полскиот претседател Анджеј Дуда и го потврдил блискиот сојуз меѓу двете земји.
– Претседателот Трамп се состана со полскиот претседател Анджеј Дуда и го потврди блискиот сојуз.
Претседателот Трамп, исто така, го пофали претседателот Дуда за посветеноста на Полска за зголемување на трошоците за одбрана, соопшти Белата куќа на X.
Разговорот, кој траел помалку од 10 минути, почнал со еден час доцнење без присуство на медиуми или воведни изјави.
Ново на Сител
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите
-
Истрага против дилер на марихуана во Тетово