Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор на Казандол
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) информира дека на 3 октомври извршил вонреден надзор во Рударскиот комплекс Казандол, Валандово.
Вонредниот надзор е спроведен по претставка доставена од граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија за наодите кои, како што се наведува, се однесуваат на претпоставени недоследности во спроведување на постапката за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
За време на инспекцискиот надзор бил побаран увид во документацијата, која согласно постојната законска регулатива, во оваа фаза на изградба, правниот субјект е должен да ја има и да ја достави на увид.
- По прегледувањето на документација констатирано е дека таа е достапна на јавноста на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање на следниот линк http://www.moepp.gov.mk/?page_id=8255. На истиот линк е достапен и спорниот Финален извештај за Стратегиска оцена за животна средина, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.
Потенцираат дека на барање на правниот субјект, дополнително е извршен мониторинг на квалитет на амбиентален воздух за ПМ10 и СО2, подземни и површински води, почва и ниво на бучава емитирана во животната средина на Рударски комплекс Казандол – во фаза на изградба на комплексот. Мерењата се реализирани од страна на акредитирана лабораторија за животна средина Технолаб-Скопје на 6 и 7 септември годинава.
- Од добиените извештаи за сите наведени испитувања, во делот мислења и коментари се вели дека нема надминување на мерените параметри согласно важечките правилници во Република Македонија, освен за почва, а тоа е медиум за кој се уште не постојат закон и правилници. Во тој контекст за овој медиум во мислења и заклучок се вели дека од резултатите добиени од извршените анализи може да се констатира дека нема надминување на граничните вредности согласно холандска и канадска регулатива, освен за pH вредноста на мостра П3 – езеро за рафинат и П4 – резервоар за киселина, се вели во соопштението.
ДИЖС информира дека во периодот што следи ќе го изврши и редовниот надзор кај правниот субјект за постапувањето во фаза на градба и тогаш согласно законските овластувања и обврски ќе ги провери мерките за заштита кои се преземаат од страна Рударскиот комплекс Казандол, согласно одобрените проектни документи од надлежните институции и врз основа на добиени резултати од извршениот мониторинг.
Ново на Сител
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус