Македонија
17. November 2016 - 13:28

Драма во Гостивар - Со ножеви влегол на Ургентен

Околу три часот по полноќ се одвивала драма во Гостивар, кога во Ургентното одделение на Медицинскиот центар дошол 23-годишниот Б.Х. од селото Градец, гостиварско, и со негов другар од персоналот побарал да му се укаже лекарска помош на другарот затоа што бил во алкохолизирана состојба.
 
Откако Љ.С. му рекол да го легне на еден од креветите, другарот на пијаниот гостиварчанец почнал да го навредува вработениот и да му упатува вулгарни зборови, по што започнала караница, па во еден момент кулминирала кога Б.Х. посегнал по нож со кој му се заканил на  вработениот. Тој за да се одбрани му ја фатил раката, но не можел да му го одземе ножот. Бидејќи му рекол дека нема да го нападне, Љ.С. му ја пуштил раката, а Б.Х. го вратил ножот во џебот. Веднаш потоа го пријавил настанот во полициска станица.
 
Полициски службеници го пронашле ножот во просторија на Медицинскиот Центар Гостивар.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.