Македонија
2. September 2016 - 13:03

Драма на Стража: Се запали мерцедес полн со патници

Вчера околу 10.30 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на месноста „Стража“, В.Л. (50) од Р.Албанија, додека го управувал своето патничко моторно возило „Мерцедес Е 220“ со албански регистарски ознаки, забележал дека од просторот кај моторот почнало да чади, а потоа се појавил и оган.
 
Поради тоа што му откажале сопирачките возачот морал да го сврти возилото во спротивен правец за да може да застане.
 
Откако застанал излегле сите патници, а возилото по кратко време целосно изгорело.
 
Во 11.10 часот пожарот бил изгаснат од екипи од Територијалната противпожарна единица Гостивар.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар.