Додик: Не сакав да тргувам со интересите на Република Српска
Претседаталот на Република Српска, Милорад Додик денеска оцени дека одлуката на американската Администрација во заминување за воведување санкции против него е депласирана, нагласувајќи дека таа е последица на фактот што тој не сакал да тргува со интересите на српскиот ентитет во БиХ.
Говорејќи на прес-конференција во Бања Лука, Додик нагласи дека одлуката за санкции против него ја вовела Канцеларијата за контрола на имотите на странците,
- Јас немам никаков имот во Америка. Имам во Србија, но Србија не ја доживувам како странство, рече Додик.
Тој смета дека одлуката за воведување санкции кон него ја доживував како притисок поради неговата неподготвеност да тргува со интерсите на Република Српска, како што очекувале некои странски амбасадори.
- Не сум подготвен интересите на Република Српска да ги подредам на мојот личен комодитет, изјави Додик, порачувајќи им на граѓаните на српскиот ентитет во БиХ дека ваквата одлука на Вашингон за нив нема никакво значење и дека нема да промени ништо во нивните животи.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива