Македонија
28. December 2016 - 14:06

Доделени награди за најубаво новогодишно украсување во Гази Баба

Општина Гази Баба и оваа година избра најубаво новогодишно декорирани дворови, тераси, училишта и градинки.

Награда за најубаво украсена тераса доби Васил Локордов од населба Автокоманда, за најубаво украсен двор Ивица Павловски од населба Ченто и Наташа Стојановска од населено место Трубарево, а за најубаво украсено основно училиште - ОУ„Кирил и Методиј“ населено место Стајковци.

За најубаво украсен објект признание доби градинката „Детска Радост“ објект „Мимоза“, а за најубаво украсен објект од градинката „25 МАЈ“ e објектот „Детелинка“.

Целта на доделувањето на наградите, како што соопштија денеска од општина Гази Баба, е заеднички да придонесат за посвечен изглед на општина во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

Комисија составена од администрацијата ги посетила сите пријавени, од кои биле избрани најубавите и најуспешни декорации.

Наградите ги додели градоначалникот на општината Гази Баба, Тони Трајковски.