Доделени 465 автобуски линии по електронски пат
Министерството за транспорт и врски денеска по електронски пат додели 465 автобуски линии од кои за меѓународен 279 и меѓуопштински превоз 186. Дел од нив се нови, а дел постоечки, но променети.
- Практичната примена на електронскиот систем за распределба само ги потврди нашите заложби за целосна елиминација на човечкиот фактор. Оттука, постапката е строго законска и целосно транспарентна, рече ресорниот министер Владо Мисајловски пред доделувањето.
Според него, електронскиот систем воедно овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури при прибирањето на потребната документација за аплицирање.
Огласот, како што нагласи Мисајловски, овозможуваше повеќекратно аплицирање и дополнување на некомплетните документи, како и нивна промена што е уште една предност на системот.
- Министерството за транспорт ја направи најголемата реформа во патниот сообраќај преку воведување на лиценците за вршење превоз на патници и стока. Тоа доведе до воспоставување ред во овој вид превоз, а со тоа и селектирање на легалните од дивите превозници, потенцира Мисајловски, додавајќи дека Владата ќе продолжи со борбата против нелегалните превозници за да се овозможат подобри услови за работа за сите кои во рамки на Законот ја остваруваат оваа дејност.
Тој најави дека ќе се актуелизира и системот Е-автобуска воведен пред неколку години, кој овозможува пребарување, резервација и плаќање автобуски билет за меѓуградски и меѓународни линии преку интернет или мобилен телефон.
Ново на Сител
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата
-
Вработувања на 300 приватни специјализанти во април – ново ветување на Таравари
-
Камери од домот на Манев ја открија поврзаноста на обвинетите за убиствата на Вања и Панче
-
Возила опремени со паметни камери ќе регистраат сообраќајни прекршоци како дел од „Безбеден град“
-
ДКСК: Член на комисија на АЕК не ги исполнувал условите, но лицето било именувано на функцијата од Собранието