Доделена хуманитарна помош на 265 социјално загрозени лица
Хуманитарна помош од Саудиска Арабија денеска им беше доделена на 265 лица кои живеат во социјален ризик од Берово, Пехчево и Делчево. Први помошта ја примија 50-ина социјално загрозени лица од Пехчево.
Јаај Оџов од организацијата „Турк Баир“ информираше дека помошта доаѓа од Саудиска Арабија, а со поддршка на НВО „Турк Баир“ и во општините од регионот ќе биде доделена на сите лица кои живеат во социјален ризик.
- Сакаме да им помогнеме на социјално загрозените семејства. Во пакетите има прехранбени производи, вода, ќебиња. Знаеме дека зимата тешко се поминува без доволно финансиски средства, па ова е еден наш придонес и овие луѓе барем за одреден период да имаат полна трпеза, рече Оџов
Градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, присуствуваше на доделувањето на хуманитарната помош. Тој истакна дека освен во Пехчево, 60 вакви пакети ќе бидат доделени и во пехчевското село Црник.
- Помошта на овие луѓе им е неопходна и ние како општина настојуваме да им помогнеме на овие луѓе кои живеат во социјален ризик, додаде Поповски.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи