-->
-->
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-->
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднел обвинителен акт против 28-годишен скопјанец за кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
- На 18 јануари, при вршење семејно насилство во семејниот дом на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје, обвинетиот со умисла ја лишил од живот сопствената баба. Додека жртвата јадела, тој ја нападнал, започнал да ја удира по главата и телото, а потоа ја задушил, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори