Доцнењето некогаш може да спаси живот
Поради метеж во сообраќајот, грчкиот сеизмолог и професор Акис Целентис не успеа да се качи на авионот со кој требало да отпатува од Техеран до Јасуџ. Поради доцнењето, не стана 66-та жртва од вчерашната авионска несреќа, во која загинаа 65 лица.
- Поради неверојатниот метеж во Техеран, задоцнив и не успеав да се качам на тој лет. Планирав во Јасуџ да одам со тој или следниот лет, изјави Целентис за АНА.
Во авионот од типот АТР-72, кој летал на релација од Техеран кон југозападниот ирански град Јасуџ, се наоѓале 59 патници и шестмина членови на екипажот. Леталото се урнало во планински регион на околу 480 километри јужно од Техеран.
Медиумите првично јавија дека сите 66 лица кои биле во авионот загинале, но подоцна бројката беше намалена, затоа што едно лице воопшто не се качило на авионот.
Ново на Сител
-
344 милиони денари ќе се слеат на државните универзитети, јавните научни установи и во МАНУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Муцунски: Проширувањето да не се билатерализира
-
Инфраструктурни идеи за зелен транспорт
-
Најавени нови инвестиции во ТИРЗ Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на ДКСК остана без пасош и забрана за работа во Антикорупциска
-
Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми