Македонија
15. January 2024 - 12:04

Дочек на Стара Нова Година во Хотел Силекс - Охрид

И оваа година Хотел ,,Силекс" од Охрид ја прослави Стара Нова Година - Василица на автентичен и традиционален начин препознатлив само за овој реномиран угостителски објект.

Голем оган на отворениот базен на хотелот, ресторанот сервиран и декориран со традиционални елементи, на менито национални јадења, а за забавата се погрижија естрадните музички уметници Душко Георгиев и Јасмина Гуњова...

Посебен дел од прославата и многу важен е чинот на водосвет и принесувањето на славскиот колач во чест на Свети Василиј Велики. Оваа година сите присутни со големо внимание го проследија овој чин и особено се радуваа на истиот - изјавија од хотелот.